Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Будимир и Станковски тргнаа триумфално во 2020, Пролет совладан со 13 гола повеќе
Момците на Будимир и Станковски тргнаа триумфално во 2020, Пролет совладан со 13 гола повеќе

Момците на Будимир и Станковски тргнаа триумфално во 2020, Пролет совладан со 13 гола повеќе

 Moмците на Будимир и Станковски новата пролетна полу-сезона ја отворија со доминантна игра како што не навикаа и во есенскиот дел. Кадетите на Вардар Јуниор ја совладаа екипата на Пролет во меч од младинската лига со резултат 32-19.

b4 b5

Отворивме со 1-0 преку Бојан Чакалиќ, доминиравме во сите аспекти на ракометната игра на самиот почеток. По 10.минути ракомет ние водевме со 7-3 со голот на Чакалиќ кој со Савревски и Кислеовски одигаа една навистина одлична акција. Во одбрана одлично одземавме, во брза конта Грујовски Велимир погоди за плус пет (8-3) по што клупата на Пролет го побара првиот тајм-аут. Следеше неефикасне период двата тима во наредните 7.минути погодија само по еднаш (9-4), на нашиот гол од клупата влезе Бане Трифиновски при досудуеден седмерец, тој одлично одбрани. Во напад   неговата одбрана и тие на Михајловски, ги наградивме  па со голот на Грујовски  прв пат отидовме на 8.плус во 20.минута (12-4).  Ние го исконтролиравме крајот на периодот и на пауза заминавме со резултат 17-9, кој го постави Савревски Давид од пенал по истек на регуларните 30.минути.

b3-2

Веќе по 3.минути игра ја пробивме „двоцифрената“ граница за предност, со двата гола по ред на Марио Мишевски поведовме со 20-9 во 33.минута, до тој момент имавме серија 4-0 во овој втор период. Противникот искористи две исклучувања во нашиот состав, тие ја валоризираа бројчаната предност и врзаа три гола со кои намалија на 20-12 во 38.минута.  Со голот на Калајџиски во 45.минута успеавме да ја вратиме двоцифрената предност (24-14), тимот на Полет повторно побара минута одмор бидејќи неможеше да го следи нашиот ритам. Одлично игравме во одбрана што е наш „специјалитет“, Благој Димчевски даваше сигурност во дефанзива. Во поледните 10.минути влеговме со 12.гола предност (27-15) откако во напад промашивме, одлично прифати Атанасовски Филип асистирајќи правовремено до Пешевски кој го постигна нашиот 27.ми гол. Победата дојде со резултат 32-19 на оваа средба.

b-2

На овој дуел имавме две 7ци, Марио Мишевски погоди седум пати, толку удари стопра голманот Михајловски Христијан. Савревски Давид погоди шест пати, Чакалиќ Бојан стрелаше во 5 наврата, а четири гола денес впиша Симон Калајџиски.