Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар поразен од Ренова со 2-0
Вардар поразен од Ренова со 2-0

Вардар поразен од Ренова со 2-0

Вардар денес гостуваше во Тетово, тимот на Ренова успеа да не совлада со 2-0 на овој дуел од домашната Прва фудбалска лига.  На мечот кој е во тек тимот на Шкендија екипата која е зад нас на табелата губи од Борец со 2-0 во првиот дел.

Домаќинот отвори со гол веќе во 5.минута, од пенал.  Миовски одлично продре и соборен од Гачевски, судијата додели најстрога казна. Истата во гол за предност со 1-0 ја претоври  Гафури.  До крајот на првиот дел „гипсарите“ се заканија уште два пати кон голот на црвено-црните. Ние не успеавме да направиме шанса и да погодиме за да изедначиме. На одмор заминавме со минимлана негатива.

 По десет минути во вториот дел ја видовме најголемата шанса за Вардар. Вардаровиот играч Цветановски доби одлична топка, изби сам пред голот на Ренова по левата страна но шутираше покрај голот од десеттина метри. Домаќинот успеа да не казни и поведе со  2-0 во 62.минута.  Повторно сино-белите погодија од 11.метра, Миовски изнуди нов пенал.  Гафури сигурен реализатор од белата точка за 2-0. На десет минути пред крајот ние се заканивме, Колевски имаше одлична шанса, шутираше  од 7-8 метри од лево, голманот на домаќинот исфрли во корна.