Денес на терените на ФФМ своето коло во детската лига го одигра генерацијата 2008 на ФК Вардар. Во дербито на колото, избраниците на Петар Георгиевски одиграа со нерешен резултат во дуелот со екипата на Форца. Овој натпревар заврши со резултат 1:1.
Гледавме квалитетен и борбен натпревар, и двете екипи имаа свои периоди на добра игра и можеби нерешениот резултат беше реален исход на овој натпревар. Екипата на Форца успеа прва да го отвори резултатот и да поведе со 0:1 со голот на Христијан Марковски. После негативата, црвено-црните заиграа подобро и имаа свои прилики. Буцевски се закани кај Вардар и тоа во два обиди, првиот од игра, вториот од слободен удар, но голманот на Форца ги одбрани ударите. Првата голема шанса за израмнување на резултатот ја имаше Петар Блажевски, кој од непосредна близина биеше само крај голот на противникот. До крајот на првиот дел ќе одбележиме и шанса за Форца, но нашиот голман, Дарко Јовчев го одбрани ударот, па на полувреме се замина со резултат 0:1 за Форца.
Гледавме и динамично второ полувреме, пред се цврста игра, а одбраните на двете екипи не дозволуваа големи опасности пред нивните голови. Првиот директен удар во вториот дел го имаше противникот, но одбрани Јовчев. Вардар имаше голема прилика да постигне гол, кога во една акција, Петар Блажевски се ослободи од противничкиот голман, биеше, но во последен момент од гол линијата вади еден од играчите на Форца, па резултатот остана непроменет. Во шанса се најде и Матеј Киш, кога после една акција со Блажевски, биеше, но на место беше голманот на Форца. Вардар заслужи да псотигне гол и тоа се случи на пет минути пред крајот, кога Коста Бошковски со силен удар го лобуваше голманот на Форца, топката заврши во мрежата за резултат 1:1, кој до крајот се покажа и како конечен во овој дерби дуел од детска