Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две убедливи победи за избраниците на Кралевски, генер. 2010 имаше успешно коло во детската лига
Две убедливи победи за избраниците на Кралевски, генер. 2010 имаше успешно коло во детската лига

Две убедливи победи за избраниците на Кралевски, генер. 2010 имаше успешно коло во детската лига

Генерацијата 2010 на ФК Вардар денес на терените на ФФМ го одигра редовното коло во детската лига. Момците на Игор Кралевски стигнаа до две победи, откако беа подобри во дуелите со екипите на Драчево Јуниор и Албарса.

Најпрво на теренот излезе екипата на Вардар (1) која убедливо го победи тимот на Драчево. Доминираа нашите млади надежи на теренот и на крајот триумфот беше обезбеден со резултат 7:1. На полувреме, вардарци имаа водство од 3:1. Двајца играчи ги постигнаа сите седум голови на овој дуел за нашиот тим. Се работи за Благојче Седлоски кој постигна четири голови, додека хет-трик имаше Стефан Ристиќ. Сепак пофалби и за останатите играчи, кои дадоа свој придонес во овој голем триумф.

Победничко коло имаше и тимот на Вардар (2) кој беше подобар од Албарса. Резултатот на овој меч гласеше 5:1. И на овој натпревар покажавме повеќе од противникот и на крајот заслужено славевме. Лозанов беше играчот кој имаше прв прилика, но одбрани голманот, додека Јовановски исто така се обиде од слободен удар, но немаше промена на резултатот. Првата голема прилика за отварање на резултатот ја имаше Давид Лозанов, кога немаше среќа и ја погоди стативата, но затоа Марко Јовановски погоди од белата точка, за предност на Вардар од 1:0. Обид имаше и противникот, но одбрани Јанкуловски. До крајот на првиот дел постигнавме уште два голови во противничката мрежа. Најпрво Дарио Илиќ зголеми на 2:0, додека во листата на стрелци се запиша и Лука Јосифовиќ, кој погоди за 3:0, во акција во која претходеше најпрво удар на Јовановски.

1 2 4 88434895_2787030881343740_5743842374065324032_o

Првиот гол во вториот дел го постигна екипата на Албарса за намалување на 3:1 и тоа со удар од белата точка. Сепак, Вардар набрзина ја врати позитивата од три голови, откако втор пат денес погоди Јосифовиќ за предност од 4:1. Имавме можност за зголемување на резултатот, но промашивме пенал, но затоа од истото место Лука Михајловски постигна гол и ги постави конечните 5:1 на овој натпревар.