Moмците на Будимир и Станковски новата пролетна полу-сезона ја отворија со доминантна игра како што не навикаа и во есенскиот дел. Кадетите на Вардар Јуниор ја совладаа екипата на Пролет во меч од младинската лига со резултат 32-19.
Отворивме со 1-0 преку Бојан Чакалиќ, доминиравме во сите аспекти на ракометната игра на самиот почеток. По 10.минути ракомет ние водевме со 7-3 со голот на Чакалиќ кој со Савревски и Кислеовски одигаа една навистина одлична акција. Во одбрана одлично одземавме, во брза конта Грујовски Велимир погоди за плус пет (8-3) по што клупата на Пролет го побара првиот тајм-аут. Следеше неефикасне период двата тима во наредните 7.минути погодија само по еднаш (9-4), на нашиот гол од клупата влезе Бане Трифиновски при досудуеден седмерец, тој одлично одбрани. Во напад неговата одбрана и тие на Михајловски, ги наградивме па со голот на Грујовски прв пат отидовме на 8.плус во 20.минута (12-4). Ние го исконтролиравме крајот на периодот и на пауза заминавме со резултат 17-9, кој го постави Савревски Давид од пенал по истек на регуларните 30.минути.
Веќе по 3.минути игра ја пробивме „двоцифрената“ граница за предност, со двата гола по ред на Марио Мишевски поведовме со 20-9 во 33.минута, до тој момент имавме серија 4-0 во овој втор период. Противникот искористи две исклучувања во нашиот состав, тие ја валоризираа бројчаната предност и врзаа три гола со кои намалија на 20-12 во 38.минута. Со голот на Калајџиски во 45.минута успеавме да ја вратиме двоцифрената предност (24-14), тимот на Полет повторно побара минута одмор бидејќи неможеше да го следи нашиот ритам. Одлично игравме во одбрана што е наш „специјалитет“, Благој Димчевски даваше сигурност во дефанзива. Во поледните 10.минути влеговме со 12.гола предност (27-15) откако во напад промашивме, одлично прифати Атанасовски Филип асистирајќи правовремено до Пешевски кој го постигна нашиот 27.ми гол. Победата дојде со резултат 32-19 на оваа средба.
На овој дуел имавме две 7ци, Марио Мишевски погоди седум пати, толку удари стопра голманот Михајловски Христијан. Савревски Давид погоди шест пати, Чакалиќ Бојан стрелаше во 5 наврата, а четири гола денес впиша Симон Калајџиски.