Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Ако Ливерпул го има Галахан, Реал Мадрид – Раул, Барселона – Чави, Јувентус – Дел Пјеро, Милан – Барези, Рома – Тоти тогаш Вардар го има Кочо
Комити: Ако Ливерпул го има Галахан, Реал Мадрид – Раул, Барселона – Чави, Јувентус – Дел Пјеро, Милан – Барези, Рома – Тоти тогаш Вардар го има Кочо

Комити: Ако Ливерпул го има Галахан, Реал Мадрид – Раул, Барселона – Чави, Јувентус – Дел Пјеро, Милан – Барези, Рома – Тоти тогаш Вардар го има Кочо

Комити Запад   вчера на својата официјална страница посветија објава по повод 70.роденден на играчот со најмногу настапи во црвено-црниот дрес во историјата на фудбалскиот клуб. Во истата се вели:

Ако Ливерпул го има Галахан, Реал Мадрид – Раул, Барселона – Чави, Јувентус – Дел Пјеро, Милан – Франко Барези, Рома – Франческо Тоти тогаш Вардар го има Кочо Димитровски.
Кочо Димитровски е вистинска жива легенда, целиот својот живот го поминува во ФК Вардар, не само својата богата фудбалска кариера во која од првиот до последниот ден е помината во само еден клуб, децениски капитен кој цели 17 натпреварувачки сезони од 1968 до сезоната 1985/86-та настапува за ФК Вардар !

00

Зад неговото име се запишани неверојатни бројки, од кои можат за завидат и посочените легенди на големите клубови погоре. Дефинитивно недостижни за сите актуелни играчи во можеби сите клубови во светот.
Со 845 настапи за ФК Вардар (416 првенствени во дресот на ФК Вардар, е неприкосновен рекордер во оваа категорија на сите времиња.
Неговата скромност и огромна посветеност и лојалност кон ФК Вардар се една бајка која трае, богатство кое го имаат само малку клубови на светот, а наш е, го има Вардар. Кочо Димитровски е разликата помеѓу Вардар и сите останати клубови во Македонија, но и на Балканот го издигнуваат Вардар како голем клуб и институција, го прават Бисер Балкански!

000
Роден на денешен ден 1950-та година!
Среќен 70-ти Роденден Кочо Димитровски – Вардаров симбол и црвено-црна икона!