Лидерот на првенствената табела, тимот на Вардар може да се пофали дека оваа сезона има вистинска гранитна одбрана и дека тешко кои тим може да ја пробие.
На досега одиграните 23 првенствени дуели, Гачевски и одбраната на Вардар капитулираа” само на 14 наврати што ги прави убедливо најдобар тим во овој статистички податок.
Само за споредба, Академија Пандев е вториот тим со најдобра одбрана, која има примено 20 погодоци исто толку и Шкендија.
Вардарци и минатата сезона ја имаа најдобрата одбрана со тогаш 23 примени погодоци на 36 одиграни натпревари.
Останува да видиме дали Гачевски, Новак, Тошевски, Најдовски, Младеновски и останатите ќе можат оваа сезона уште подобро, односно да го урнат минатогодишните бројки.