Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нема ЛШ до 12-ти април, ќе се одложи и завршниот турнир во Келн
Нема ЛШ до 12-ти април, ќе се одложи и завршниот турнир во Келн

Нема ЛШ до 12-ти април, ќе се одложи и завршниот турнир во Келн

Поради новонастанатата ситуација со корона вирусот, одложени се сите натпревари во ракометната Лига на Шампиони до 12.април.

Во договор со клубовите, од ЕХФ решија сите мечеви од осмина-финалето да бидат прекинати, за во наредниов период. Поради ширењето на корона вирусот, во сите земји се стопира играњето на ракомет, па не е познато кога истото ќе продолжи. Тренерот на Европскиот Шампион, Алушовски, изјави дека во наредните 4-5 дена ќе нема тренинзи, па понатаму ќе се одлучи како ќе продолжат. Денешниот реванш натпревар од СЕХА-лигата против екипата на Нексе е исто така одложен.

Под вакви околности е доведено и во прашање одигрување на завршниот турнир во Келн, кој сигурно дека ќе добие поместување од вообичаените датуми на одигрување.