Пред паузата поради пандемијата во машката ракометна младинска лига се одигра само едно пролетно коло. Трите водечки екипи дојдоа до победи и ја продолжија борбата за двете позиции кои водат на Ф-4. Металург-2 доби службена победа (0:10) на мечот со Пелистер, а Охрид дома беше убедлив со резултат 32:19 над Еурофарм.
Вардар Јуниор предводен до Будимир и Станковски исто така победи со идентичен резултат како охриѓани (32:19) на мечот на кој во Јане Сандански ја пречекавме екипата на РК Пролет. Се беше решено по првите 30.минути кога успеавме да поведеме до одум гола повеќе (17-9), вториот дел беше чиста рутина. Кај нас на оваа средба имавме две 7-ци, Марио Мишевски погоди седум пати, толку удари стопра голманот Михајловски Христијан. Савревски Давид погоди шест пати, Чакалиќ Бојан стрелаше во 5 наврата, а четири гола денес впиша Симон Калајџиески.
Резултати 8.коло младинска група-1
* РК ВАРДАР ЈУНИОР-РК ПРОЛЕТ 32:19
* РК ПЕЛИСТЕР -РК МЕТАЛУРГ 2 0:10(служ)
* ГРК ОХРИД-РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 32:19
* РК РАДОВИШ – РК ПРЕСПА 25:32
На табелата Охрид со 24.бода е речиси со една нога на завршниот Ф-4 турнир се разбира доколку условите во земјава дозволат да се реализира првенството до крајот. Тимовите на Металург-2 и Вардар Јуниор се борат за втората „виза“ која носи на собирот на топ-4 тимови кои ќе атакуваат на круна.
Табелата по 8.кола изгледа вака: