Големата Барселона беше пред пораз, но Штербик со две интервенции го спаси каталонскиот тим од неуспех во дуелот со Вардар. Тоа беше во сезоната 2013/14 кога црвено-црните успеаа да освојат бод во дуелот со Барселона (29:29), иако на минута пред крајот имаа и предност од еден гол разлика. Имавме и напад за плус два гола, како и последен напад за победа, но одбраните на Штербик, кој таа сезона беше дел од Барселона, беа клучни за нерешениот исход на крајот.
Да се потсетиме на старите времиња и мечот во С.Ц. Борис Трајковски, меѓу Вардар и Барселона.