ФК Вардар продолжува со потпишување на професионални договори со талентираните играчи од Академијата на клубот. Анатолиј Петејчук кој сезонава игра за кадетите на Вардар и е генерација 2002, вчера како што ве известивме потпиша договор со црвено-црните за наредните 2.5 години.
Петејчук има забележано настапи и за младинските селекции на Македонија, додека со првиот тим на Вардар беше дел од зимските подготовки во Анталија. Толи игра на позицијата десен бек, а може да одговори и на офанзивните задачи. Тој за Вардар фанс по повод овој договор изјави:
Да се биде дел од најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, ФК Вардар за мене претставува голема чест и задоволсто. Да бидам негов член имав желба уште од мали нозе, сега сум горд што си го реализирав својот сон. Не беше лесно воопшто, но единствено нешто што е потребно за успех освен талентот е и вербата во себе, откажувања од многу задоволства и премногу напорна работа. Се надевам дека со успех ќе настапувам за црвено-црната гордост на македонскиот фудбал- изјави Петејчук.