Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > САЧЕВСКИ СОКОЛ- Вардаров атлетски “бисер“ и југословенски репрезентативец
САЧЕВСКИ СОКОЛ- Вардаров атлетски “бисер“ и југословенски репрезентативец

САЧЕВСКИ СОКОЛ- Вардаров атлетски “бисер“ и југословенски репрезентативец

Авторот: Во втората половина на 70-те години, во редовите на АК Вардар се појави уште една атлетска звезда, младиот атлетичар, Сачевски Сокол. За право, тој е само еден од една цела група талентирани младинци, предводени од наставникот по физичко воспитување во ОУ “Браство”, во населбата Драчево Апостолски Љупчо. Покрај Сачевски, во таа група се наоѓаа и Видмар Марјан, Коколански Славе, Аце Саздовски, а потоа кон нив се приклучија и други успешни атлетичари.

Сокол Сачевски ја продолжува традицијата на талентираните спринтери на Вардар кои уште како младинци станале рекордери на Македонија и влегле во составот на југословенската репрезентација. По примерот на своите претходници Лазо Милошевски, Милош Буцевски, Зоран Тасевски и Цветан Панев, и Сокол Сачевски за кратко време по вклучувањето во Вардар ќе ги искаже своите извонредни можности. Под будното око на тренерот Симе Ѓеорѓиевски, уште на 17-годишна возраст, Сокол го постави првиот рекорд на Македонија на 100 метри за помлади младинци. Резултатот кој што го постигна во 1978 година, на патеката на Градскиот стадион во Скопје, изнесуваше 10,7 сек. со рачно мерење. Ова недвосмислено ветуваше една успешна и плодна атлетска кариера. Покрај овој рекорд, Сачевски во истата година успеа да постави рекорд и на 60 метри. Во трката која ја истрча во Скопје, резултатот изнесуваше 6,9 сек. Интересно е да се напомене дека овие рекорди до денес не се подобрени.

Делегатите на АК “Вардар” на Годишното собрание на Атлетскиот сојуз на Македонија во Дојран: Пеповски Миле, Бошковиќ Мирослав, Тасевски Зоран и Трајковски Момо. Делегатите на АК “Вардар” на Годишното собрание на Атлетскиот сојуз на Македонија во Дојран: Пеповски Миле, Бошковиќ Мирослав, Тасевски Зоран и Трајковски Момо.

Делегатите на АК “Вардар” на Годишното собрание на Атлетскиот сојуз на Македонија во Дојран: Пеповски Миле, Бошковиќ Мирослав, Тасевски Зоран и Трајковски Момо.
Делегатите на АК “Вардар” на Годишното собрание на Атлетскиот сојуз на Македонија во Дојран:
Пеповски Миле, Бошковиќ Мирослав, Тасевски Зоран и Трајковски Момо.

Како средношколец, Сачевски Сокол беше ученик во ЕМУЦ “НиколаТесла”во Скопје, кое важеше за водечко средно стручно училиште во Македонија. За да се дојде до дипломата електротехничар, требаше многу да се работи, како на теоретски така и на практичен план. Изостанувањето од наставата едноставно не се толерирало. Кога почнаа да се редат првите победи и врвните резултати, се наметна потребата да учествува на поголеми натпревари надвор од Македонија. Затоа, како управа, заедно со тренерот Симе Ѓеорѓиевски, одевме кај директорот на училиштето Младеновски Димитар, лично од него да му дозволи да настапува на сојузните натпревари. Патувањето од Драчево каде што живееше, до училиштето, па потоа напорните тренинзи, сето тоа бараше големи жртви кои требаше да се издржат. Сепак, извесно олеснување имаше со тоа што секогаш имаше друштво, како во училиштето, така и на тренинзите. Тоа беше неговиот школски другар од основното и средното образование, како и негов клупски колега, Коколански Славе, кој исто така беше извонреден атлетичар, во дисциплината скок во височина.

АК Вардар во почетокот на 80-те години: (од лево кон десно, горе) Боцевски Киро, Трајчев Љупчо, Коколански Славе, Мартиновски Трпе, Пеповски Миле, Ѓеорѓиевски Симе, Маџаровски Николче, Спасовски Томе, ? , ? ; (клечат) ? , Ангеловски Александар, Мијушковиќ Зоран , Саздовски Ацо, ?, Сачевски Сокол, Кичевски Митре АК Вардар во почетокот на 80-те години: (од лево кон десно, горе) Боцевски Киро, Трајчев Љупчо, Коколански Славе, Мартиновски Трпе, Пеповски Миле, Ѓеорѓиевски Симе, Маџаровски Николче, Спасовски Томе, ? , ? ; (клечат) ? , Ангеловски Александар, Мијушковиќ Зоран , Саздовски Ацо, ?, Сачевски Сокол, Кичевски Митре

АК Вардар во почетокот на 80-те години: (од лево кон десно, горе) Боцевски Киро, Трајчев Љупчо, Коколански Славе, Мартиновски Трпе, Пеповски Миле, Ѓеорѓиевски Симе, Маџаровски Николче, Спасовски Томе, ? , ? ; (клечат) ? , Ангеловски Александар, Мијушковиќ Зоран , Саздовски Ацо, ?, Сачевски Сокол, Кичевски Митре
АК Вардар во почетокот на 80-те години: (од лево кон десно, горе) Боцевски Киро, Трајчев Љупчо, Коколански Славе, Мартиновски Трпе, Пеповски Миле, Ѓеорѓиевски Симе, Маџаровски Николче, Спасовски Томе, ? , ? ; (клечат) ? , Ангеловски Александар, Мијушковиќ Зоран , Саздовски Ацо, ?, Сачевски Сокол, Кичевски Митре

Неговата спортска кариера одеше по нагорна линија и во категоријата постари младинци. Се редеа победи, како на домашните натпревари, така и на сојузните и меѓународните. Беше сосема рамноправен со своите конкуренти од најголемите атлетски клубови во Југославија. Најомилената дисциплина, во која ги постигнуваше своите најдобри резултати, покрај 100 метри, беше 400 метри. Кон крајот на мај 1980 година, на државното младинско првенство во Белград, Сачевски истрча една извонредна трка на 400 метри, постигнувајќи нов македонски рекорд со резултат 49,13 сек. Само неколку дена подоцна, во Скопје, во истата дисциплина постигна уште подобро време, и уште еден републички рекорд, 48,5 сек. Кон ова треба да се додаде и извнредниот резултат на 60 метри, и нов младински и сениорски рекорд на Македонија од 6,8 сек. Овој рекорд сеуште не е соборен.

Сачевски често настапуваше и во оние дисциплини кои не се вклучени во олимписката програма. Така, на атлетскиот митинг во Скопје, одржан во 1980 година во Скопје, 300 метри истрча за рекордни 34,7 секунди. Овој резултат сеуште се наоѓа на листата на македонските рекорди за младинци до 19 години.

Големите успеси и резултати во 1980 година, значеа и повик во младинската репрезентација на Југославија. Според документацијата која што ја поседувам, Сачевски шест пати настапувал во младинската репрезентација на Југославија. На еден атлетски тримеч во Париз, успеал да освои две медали, што најубаво го потврдува неговиот огромен потенцијал и извонредната подготвеност и на меѓународен план.

Во овој период, кога неговата форма одеше кон својот зенит, истрча и една незаборавна трка на 100 метри, кога го изедначи рекордот на Тасевски Зоран, кој изнесуваше 10,6 сек. Но неговите врвни резултати не завршуваа тука. Наскоро, во Солун, Грција ќе ја истрча и извонредната трката на 400 метри, во која постигна извонредно време, какво што дотогаш го нема истрчано ниту еден македонски атлетичар во оваа дисциплина. Рекордот изнесуваше 48,27 сек. , и ќе биде соборен подоцна од Мачев Исмаил.

Со своите клупски настапи, секогаш го даваше својот максимум во повеќе спринтерски дисциплини, како и во штафетите 4х100 и 4х400 метри, со што носеше максимален број поени, кои му овозможуваа на Вардар повеќе пати да биде победник на Купот на Македонија, како најквалитетна клупска манифестација. Освен тоа, редовно ги бранеше боите на репрезентацијата на Македонија, особено на меѓурепубличките атлетски натпревари. Со повикот во репрезентацијата на Југославија, практично се проби во врвот на југословенската атлетика.

Како извонреден спринтер, Сачевски Сокол постигнуваше врвни резултати и во штафетите 4х100 и 4х400 метри. Во средината на 80-те години, во АК Вардар, покрај Сачевски, работеа и спринтерите: Пијаковски, Сиљановски, Ангеловски, Христовски и др. Во 1985 година штафетата на АК “Вардар”, на 4х100 метри, во состав Сиљановски, Пијаковски, Ангеловски, Сачевски, со време 42,8 сек., постигна нов клупски рекорд на Македонија. Во 1984 година, атлетичарите на Вардар, Пијаковски и Сачевски, заедно со Тодоровски и Котевски од АК “Скопје”, настапија за репрезентацијата на Македонија во штафетата 4х400 метри и поставија нов македонски рекорд со време 3:22,81 сек.

Пишува. Професор Мирослав Бошковиќ