15 Oктомври 2003 година на Градскиот стадион, нашиот тим ја пречека Рома во рамките од плеј-офот во Купот на УЕФА, сегашната Лига на Европа, односно во битката за пласман во групите. Рома дојде во Скопје со огромна предност од 4:0 по првиот натпревар во Рим.
Тимот на Фабио Капело предводен од Емерсон, кој во својата кариера играше за Реал, Јуве, Милан, потоа Касано кој исто така имаше супер кариера играјќи за Интер, Милан.. како и Самуел кој потоа, во 2010 година стана Европски шампион со Интер, беа само дел од sвездите кои дојдоа на Градски да играат против нашиот Вардар.
На натпреварот на Градски беше вистинска штета што не победи нашиот тим. Захариевски во финишот на првото полувреме со супер волеј удар од 20-сетина метри го доведе Вардар до предност. Во 63. минута, Мансини израмни на 1:1, а Вардар може да жали затоа што не победи, бидејќи во финишот, Брага со топовски удар од 25.метри биеше само во пречката од голот на Зоти. Штета!
ВАРДАР: Зекир (51’ Јовчев), Веселиновски, Ѓошевски, Васоски (69’ Милевски), Блесинг, Захариевски, Ристовски (60’ Вандаир), Георгиевски, Бранковиќ, Оливеира, Брага.
Резерви: Начевски, Мисердовски, Трајчев, Спасовски. Тренер: Зоран Стратев
РОМА: Зоти, Зебина, Лима, Емерсон, Касано, Самуел, Д’Агостино (58’ Дакур), Де Роси (80’ Вахаб), Делас, Кандела, Мансини.
Резерви: Пелицоли, Сартор, Ажиде. Тренер: Фабио Капело.
Видео, погледнете го супер голот на Захариевски, голот на Мансини и топовскиот удар на Брага: