Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Историја > (ВИДЕО) Во главниот град на Русија се случи скопско чудо!!
(ВИДЕО) Во главниот град на Русија се случи скопско чудо!!

(ВИДЕО) Во главниот град на Русија се случи скопско чудо!!

На 30 јули 2003 година, Вардарци ја победија големата ЦСКА на гостински терен, што подоцна ќе се покаже за клучен триумф во пласманот во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите, тогаш фаза пред пласман во групите.

Во 2003 година Вардар во 2. квалификациско коло се сретна со ЦСКА Москва. Првиот натпревар се играше во Москва, и „армејците“ беа голем фаворит за победа и за поминување понатаму. Меѓутоа во главниот град на Русија се случи скопско чудо. Се случи Вардар со головите на Грозданоски и на Вандаир да дојде до победа од 1:2 и да има предност пред реваншот во Скопје. На домашен терен „црвено-црните“ одиграа 1:1 и се пласираа во следното квалификациско коло каде што се сретнаа со Спарта Прага.

Еве ги деталите од натпреварот во Москва:

ЦСКА – ВАРДАР 1:2

Стадион: „Динамо“ во Москва.

Судија: Стефано Фарина (Италија).

Стрелци: 0:1 Грозданоски 54’, 0:2 Вандаир 64’, 1:2 Самодин 89’

Ж. Картони: Кусов (Ц) – Зекир, Захариевски (В).

ЦСКА М: Акинфеев, Шемберас, Јановски, Гусев, Гогниев (34’ Кириченко), Лаизанс (58’ Кусов), Јарошик, Попов (77’ Самодин), Евсиков, Рахимиќ, Шершун.

Тренер: Валери Газаев

ВАРДАР: Зекир, Веселиновски, Ѓошевски, Блесинг, Грозданоски (86’ Милевски), Трајчев, Захариевски, Ристовски, Георгиевски (77’ Божиновски), Бранковиќ, Вандаир (80’ Оливеира).

Тренер: Зоран Стратев.

Да се потсетиме низ ВИДЕО како беше во Москва на 30 јули 2003 година: