На 2-ри јуни 2013 година екипата на РК Вардар успеа да ја прекине тригодишната доминација на Металург во Македонскиот ракомет и на тој начин да стане шампион. Тоа беа сезони кога клубот од Автокоманда беше далеку финансиски помоќен од нашиот Вардар и кога голем дел од играчите на црвено-црните преминуваа во спротивниот табор. Имаше такви многумина, кои им се познати на ракометната јавност, но сепак нашиот клуб никогаш не се предаваше и на чело со Веселин Вујовиќ секогаш даваше силен отпор. Таква беше ситацијата во сезоната 2012/13 кога Вардар успеа да стане шампион на Македонија и да го врати трофејот во своите витрини.
ВАРДАР ПРО: Лазовиќ, Маркоски, Стоилов, Ојлески, Прибак, Драгаш, Раковиќ, Милиќ, Петриќ, Јовчевски, Марковиќ, Даскаловски, Лазаров, Карачиќ, Рајковиќ, Абутовиќ.
Целиот натпревар од преполното ,,Кале” можете да го погледнете подолу: