Продолжуваме со блиц-интервјуата со младите “чувари на мрежите“ во црвено-црниот колектив. Следни се двете голманки на пионерскиот тим на ЖРК Вардар, Вероника Ѓорѓиевска и Леа Христоска. Пионерките на Платон и Папуџиева се актуелни прваци во нивната и кадетската лига, пред паузата во двете конкуренции беа лидери на табелите. Ви носиме интервју со 20 блиц прашања за „пуленките“ на Царчев.
Вероника Ѓорѓиевска се истакнува со одлични перформанси во нејзиниот досегашен престој во црвено-црниот тим. Ја следиме уште од деновите кога беше дел од “Јуниор лигата“, каде играше секогаш значајна улога. Големиот труд кој го вложува дава “плод“, доста е напредната особено во моториката и подобрување на рефлексите, таа е беспоштеден борец. Истата е голем потенцијал, секогаш е мотивирана, храба и предана на тимот. Станува збор за девојката која лани ја доби наградата за најдобар пионерски голман во Македонија, покрај тоа има дузина призанија на турнири бидејќи секогаш е најзабележителната од сите голмани на настаните поради квалитетот.
1. Најсреќен момент во 2019 година на ракометен план?
- Освојување на кадетската лига.
2. Омилено домашно милениче?
- Куче.
3. Што е потешко за одбрана пенал или „очи во очи“?
- Очи во очи.
4. Омилена серија или филм?
- Teen Wolf.
5.Дали имате трема пред ракометен натпревар?
-Да, но позитивна.
6. Со кој најмногу се дружите од екипата?
- Со сите подеднакво.
7. Најубав подарок кој го имате добиено?
- Имам добиено многу убави подароци, па не можам да издвојам некој.
8. Опиши го со 3 збора чувството кога зема пионерска награда за број 1 голман?
- Изненадена, пресреќна и горда.
9. Опишете го со три збора вашиот тим?
- Храбри, со цврст карактер и позитивни.
10. Најголемата лудост која ја имате направено ?
- Има многу.
11. Која е твојат омилена дестинација која сонуваш да ја посетиш?
- Дубаи.
12. Што значи името Вардар за вас?
-Едноставно, живот.
13. Ракометен идол?
- Дејан Милосављев.
14. Омилено јадење?
- Рижото со пилешко.
15. Доколку се најдете на пуст остров, кои три работи би ги понеле?
- Книга, музика и топка.
16. Од што најмногу имате страв/се плашите ?
- Висина.
17. Кога не играте и гледате ракомет, кој друг спорт имате желба да го гледате?
- Кошарка.
18. Како е да се работи со Царчев?
- Царчев е едноставно предобар тренер. Полн е со желба за работа, дава многу добри совети и ни го пренесува своето знаење на најдобар начин. Не постои начин да не се напредува ако го имаш за тренер, неговите методи се одлични и секад даваат „плод“.
19. Кој е вашиот најголем мотиватор во животот, заслужен за она што сте денес ?
- Мојата мајка.
20. Како се справувате со ситуацијава поради корона вирусов, со оглед дека немате тренинзи, како ја одржувате формата?
- Со тренирање дома и здрава исхрана.
Младиот перспективен голман, Леа Христоска има одлични физички предиспозиции за „чувар на мрежата“, долги екстремитети и одлична моторика. Таа започна со настапи во Јуниор лига, каде пленеше со своите одбрани, вешти потези, па покажа дека е потенцијал за во Вардар. Често нејзините одбрани се помалку неочекувани, брани инсипирирано и знае да му помогне на тимот особено кога не му оди, таа е последна брана пред нашиот гол. Она е голем голмански потенцијал, пред неа е блескава шанса да ги дофати ракметните височини. Во продолжение нејзите одговори на нашите блиц-прашања.
1. Да не е ракомет со кој спорт би се занимавала Леа?
-Кошарка.
-2.Опишете го со два збора вашиот прв ракометен тренинг?
-Напорен и интересен.
3. Најголем личен и тимски успех во вашата досега?
-Па, достигнавме многу успеси и во кадетската и пионерската лига сме шампиони. Тука покрај овие две титули се и успесите кои ги вброивме на меѓународните турнири.
4. Што е потребно да се биде добар голман?
-Напорна работа и желба. Најбитно е да се има голема љубов, посветеност и желба кон она што го правам.
5. Кој е вашиот омилен филм?
-Има неколку, би го истакнала Хари Потер.
6. Омилена дестинација/земја на патување?
-Сеуште не сум го посетила, ама би сакала да отпатуам во Париз, Франција.
7.Најубав подарок кој го имате добиено?
-Куче, од моите родители.
8. Од што најмногу имате страв/се плашите?
-Неуспех.
9.Ваш ракометен идол?
-Лејно.
10. Со кој најмногу се дружите од екипата?
-Највеќе се дружам со Максимовска, Пешиќ, Равојска и Стефаноска.
11. Како е да се работи со Царчев?
-Секогаш е интересно, тренерот се труди секој тренинг да има нова вежба, па тренинзите никогаш не се монотони. Секогаш е потполно посветен и сака да ни го пренесе целото негово знаење, со цел да успееме понатака во животот.
12. Омилен пијалок?
-Вода
13. Опишете го со три збора вашиот тим?
- Посветен кон ракометот, сериозен кога станува збор за меч и забавен
14. Што значи името Вардар за вас?
-Клуб кој секогаш ќе биде во моето срце,
15. Кој е ваша најголема поддршка?
-Моето семејство.
16. Дали започнавте како голман или..?
-Уште од самиот почеток кога пристапив на ракометот, започнав да тренирам како голман бидејки таа позиција најмногу ме привлекуваше.
17. Желба или некоја цел која сакате да си ја исполните во иднина?
-Сакам да бидам успешен голман, да играм во голем европски тим.
18. Летување или зимување?
-Зимување
19. Каде сонувате да ве однесе вашиот ракометен пат?
-Дефинитивно на врвот, сакам да бидам еден од најдобрите европски глмани.
20. Како Леа ја одржува формата за време на овој прекин поради пандемијата?
- Вежбам секојдневно и се хранам прилично добро.