Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дали Вардар може без борба да биде елиминиран во одбрана на Европската титула
Дали Вардар може без борба да биде елиминиран во одбрана на Европската титула

Дали Вардар може без борба да биде елиминиран во одбрана на Европската титула

Дали Европскиот ракометен Шампион може да биде елиминиран без борба во одбрана на трофејот, прашање кое ќе биде познато во наредниов период.

Пандемијата со корона вирусот која владее низ целиот свет ги прекина сите спортски настани, како и Лигата на Шампионите. Се уште не е познато кога ќе се доигра сезоната, односно осминафиналните мечеви во ЛШ. Станува се поизвесно дека може и д ане видиме елиминациски натпревари сезонава, односно Вардар без борба да биде елиминиран од најголемото ракометно натпреварување.

Според пишувањето на  францускиот „L’equipe“ од ЕХФ размислуваат за активирање на планот Б, според кој на завршниот турнир во Келн би играле екипите кои завршија на првите две места во најсилните групи А и Б. Доколку се оствари оваа најава, за Европската титула ќе се борат екипите на Барселона, ПСЖ, Кил и Веспрем.

Претходно постоеше и друга теорија, која ја изнесе тренерот на Киелце, Талант Душебаев, кој даде идеја, да се одиграат само осминафиналните дуели, а на завршниот турнир во Келн да учевствуваат осум екипи, што можеби и подобра опција, со оглед дека им се дава шанса на сите екипи со борба да се изборат за пласман во следната етапа.

Новите термини за осминафиналниот двомеч со екипата на Пик Сегед, беа на 3 и 4 јуни, додека реваншите да се одиграат три дена подоцна, додека завршниот турнир според планираното треба да се одржи на 22 и 23.август. Сепак ова се само желби, а реалноста е секако друга, а тоа е дека и во наредните најмалку 30 дена нема да гледаме спортски настани.

Друг голем проблем околу продолжување на сезоната, може да биде тоа што голем дел од играчите имаат потпишано договори за други екипи, во новата натпреварувачка сезона, кои од 1.јуни стапуваат на сила. Пример од Вардар, официјално си заминаа Шишкарев кој се договори со екипата на Веспрем, како и Скубе, кој самиот изјави дека без разлика кога ќе продолжи и заврши сезоната, тој на 1.јули заминува во Белорусија, каде ќе се приклучи на неговиот нов клуб, тоа е Брест Мешков.