Првиот 1/4 финален натпревар од Купот на РМ треба да се одигра во среда со почеток во 13 часот. Како домакин, Шкендија одбра, да го пречека нашиот црвено – црн тим на стадионот во населбата Чаир. Шкендија веќе еднаш му беше домаќин на ФК Вардар, но тоа беше во Куманово кога нашиот тим победи на тоа гостување со резултат 3:1.
Чаир оваа година ”буди” убави спомени за ФК Вардар. На Чаир оваа сезона ”падна” екипата на Слога. Нашиот шампион на овој ист стадион го ”прегази” домакинот со резлутат 3:о. Сите посакуваме да се повтори таа игра од Чаир, овој пат против Шкендија. Само за потсетување, последен пат ФК Вардар двојната круна ја освои далечната 1995г…