Поранешниот играч на ФК Вардар, Стефан Ристовски кој во периодот од 2008 до 2010 година го носеше ,,црвено – црниот” дрес, заедно со Илија Несторовски кој игра за Удинезе во Италија, преку „лајв“ на Инстаграм одговараа на прашања на фановите. Меѓу прашањата беше мислење за нашиот дефанзивец Новак, а Ристовски на ова прашање одговори:
„Не го познавам лично Новак и не би сакал да коментирам за неговите квалитети. Ќе се усреќи со македонскиот пасош“ , низ насмевка искоментира Ристовски.
Останува да видиме дали Новак ќе добие македонски пасош и ќе игра за нашиот национален тим.