Тројца играчи од редовите на Европскиот Шампион се најдоа во изборот на рускиот медиум „Брз Центар“ за најдобри десет играчи кои доаѓаат од поранешната СССР.
Се работи за Глеб Калараш, Данилл Шишкарев и Тимур Дибиров. За најдобар играч е прогласен довчерашниот вардарец, Даинис Кристопанс, кој е актуелен член на Фуксе Берлин.
На листата имаше место уште и за Руслан Дашко (Пуенте Хенил, Шпанија), Олег Астрашапкин (Чургој, Унгарија), Глеб Гарбуз (Луцерн, Швајцарија), Владислав Кулеш (Киелце, Полска) и Артем Каралек (Киелце, Полска).