Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > (ФОТО) На денешен ден пред 2.години, Будимир успеа да биде прва дама со пехар во машка лига
(ФОТО) На денешен ден пред 2.години, Будимир  успеа да биде прва дама  со пехар во машка лига

(ФОТО) На денешен ден пред 2.години, Будимир успеа да биде прва дама со пехар во машка лига

На денешен ден пред две години, во СРЦ „Кале“ се одига завршниот, Ф4 турнир во пионерската машка лига. Момците на  Андријана Будимир, во големото финале беа подобри од екипата на Аеродром, која ја совладаа со резултат 27:20- види детали. Ова беше круна на тригодишната работа со оваа генерација на Адријана Будимир, таа со овие момци заедно мина многу изминатиот период.

g2e

“Челичната Лејди“ го заслужи епитетот бидејќи е ПРВ тренер, односно дама која дошла до титула со машки тим во Македонија. За тој подвиг она момците минаа три години трнлив пат, со многу напори, тренинзи и одкажување на сите заедно. Минаа илјадници километри до силните турнири надвор од земјата, таму даваа максимум и се подготвуваа за оваа круна.

g1

Таа успеа во својата мисија која ја зацрта претходно, да ги донесе момците на врвот каде што и заслужуваат. Низ лигата таа сезона  имаме 12/12 на тоа додадовме и две победи во финалниот ден, затоа по крајот на финалето радоста беше голема, а златото блесна на нивните гради. Во продолжение неколку фотогафии од моментот на крунисување.

g9 g8 g7 g6 g5 g4 g3