На денешен ден пред две години, Вардар успеа да го победи Кил на гостински терен, во рамките на четврт-финалето од Лигата на Шампионите. Ова беше прв дуел кој се одигра во Германија и кој заврши во корист на црвено-црните. Иако Вардар имаше негатива од еден гол на минута пред крајот на дуелот, сепак со головите на Дибиров и Македа успеавме да победиме.
На тој начин, Вардар се стекна со предност од еден гол пред реваншот во Скопје, кој на крајот се покажа и како решавачки за патникот на завршниот турнир во Келн.
Погледнете ја последната минута од тој дуел и погодок на Македа од половина терен во последните секунди од натпреварот.