Европската куќа на фудбалот (УЕФА), денеска на својот видео-конференциски состанок донесе одлука да подели и дополнителни 70 милиони евра за фудбалските клубови кои имаат фудбалери кои настапиле за репрезентациите во квалификациите за ЕП и во Лигата на нациите.
Од македонските клубови покрај Работнички и Шкендија, секако тука е и лидерот Вардар. Нашиот тим ,,даде” тројца играчи во Лигата на нациите, а тоа се: Даниел Аврамовски, Марио Младеновски и Кристијан Тошевски.