Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > На денешен ден, Вардар ги сочува осумте гола од првиот дуел и успеа да го елиминира тимот на Пик Сегед
На денешен ден, Вардар ги сочува осумте гола од првиот дуел и успеа да го елиминира тимот на Пик Сегед

На денешен ден, Вардар ги сочува осумте гола од првиот дуел и успеа да го елиминира тимот на Пик Сегед

Пред точно една година, PK Вардар успеа да ги одбрани осумте гола предност од првиот натпревар и да обезбеди третто последователно учество на завршниот турнир во Келн.

На денешен датум пред една година го одигравме реванш дуелот од 1/4 финалето против екипата на Пик Сегед. На првиот меч одигран во Скопје, Вардар се стекна со висока предност од осум голови (31:23). Сепак истата не беше доволна да имаме и мирен реванш во Унгарија, со оглед дека во еден момент, тимот на Пик Сегед ја надмина позитивата од осум голови водство.

Сепак, Вардар докажа уште еднаш дека се работи за голема екипа, во која владее невиден карактер и огромно срце. Полека се враќавме во дуелот и на крајот загубивме само со четири голови разлика (29:25), негатива, која беше доволна за Вардар да се пласира на Ф4 турнирот во Келн. Таму, иако повторно влеговме како аутсајдери, успеавме да го повториме успехот од 2017 година и по втор пат да ја освоивме Европската титула.

Најефикасни на споменатиот реванш против Пик Сегед беше Карачиќ кој постигна 8 голови, додека Кристопанс постигна 5.