Капитенот на ФК Вардар, Филип Гачевски ги изненади сите вечерва откако на својот Фејсбук профил прикачи фотографија со Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, сопственик на ФК Вардар.
Сеуште не е позната иднината на ФК Вардар и дали тимот ќе добие лиценца за настап во Европа ова лето. Позитивни сигнали се вчерашниот и денешниот ден, а посебно и оваа фотографија на капитенот која ,,собра” веќе 300 допаѓања за 20. минути.
Останува да сочекаме, но и да се надеваме на позитивна завршница, односно добивање лиценца на ФК Вардар, а потоа и шампионска титула, па дуели во квалификациите за Лигата на шампионите.