Данилл Шишкарев и четврта година по ред ќе игра на завршниот турнир во Келн, но со друга екипа. Руското десно крило кој има важечки договор со црвено-црните до 30.јуни, во новата сезона ќе го носи дресот на Веспрем. Поради пандемијата со корона вирусот, оваа сезона на Ф4 турнирот во Келн ќе играат само првите две екипи во најсилните групи, откако ЕХФ реши да не се одиграат 1/8 и 1/4 финалните мечеви. Така, Шишкарев во последните денови од годината со Веспрем ќе се бори за својата трета Европска титула во неговата играчка кариера.
Тој самиот истакна дека веќе добивал честитки од вардаровите играчи, а еден од нив бил и Дибиров
-Добив честитки, но со доза на иронија. Пред неколку дена се видов со Дибиров во продавница. Тој, се разбира, ми рече – Брате, се зборува, како никогаш досега имаше тежок пат до таму.