Довчерашниот спортски директор на ФК Вардар, Гоце Седлоски, официјално е промовиран во Динамо Загреб.
Седлоски во иднина ќе го предводи вториот тим на Динамо Загреб, кој го очекува меч од 1/4 финалето во младинската лига на Шампиони, против екипата на Бенфика. Во овој тим на Динамо настапува и Филип Антовски, кој беше дел од Вардар.
Седлоски е поранешен тренер на Вардар, клуб со кој успеа да освои и две шампионски титули во ПМФЛ.