Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > На денешен ден лани: ФК Вардар генер, 2005 е шампион на Македонија, во својата дебитантска сезона во регионалната-скопска лига
На денешен ден лани: ФК Вардар генер, 2005 е шампион на Македонија, во својата дебитантска сезона во регионалната-скопска лига

На денешен ден лани: ФК Вардар генер, 2005 е шампион на Македонија, во својата дебитантска сезона во регионалната-скопска лига

На денешен ден лани, генерацијата на ФК Вардар родени 2005 година се шампиони во дебитантската сезона во регионалната-скопска лига. Избраниците на Зоран Петковски им сервираа слатка „одмазда“ на екипата на Кул, за поразот од финалето во Купот, кога црвено-црните беа поразени со резултат 2:1. Во извештајот за тој меч сме донеле:

Денес, нашите млади надежи славеа на гостувањето кај екипата на Кул, која исто така се бореше за трофејот во лигата. Сепак Вардар денес беше подобар и славеше минимално со резултат 0:1. Голот падна во првото полувреме, после центар шут на Дошев, во противничкиот шеснаесетник, највисок со глава беше капитенот, Никола Величковски, кој ја погоди мрежата на Кул, за отварање на резултатот. Имавме уште неколку шанси за погодок, најзрелата ја имаше Фиип Јовановски кој ја погоди пречката од противничкиот гол.

Вардар: Илиевски, Јакимовски, Кулуковски, Таневски, Серафимов, Спасиќ, Дошев, Гаштаров, Јовановски, Цветков, Величковски

Во игра во второто полувреме влегоа уште Уневски и Антевски, на местото на Гаштаров и Величковски.

Генерацијата на ФК Вардар родени 2004 година забележаа убедлив пораз на гостувањето кај екипата на Кул, овој меч противникот го доби со резултат 5:0. После триумфот на Работнички на гостувањето кај Скопје, беше познато дека тимот на Работнички е новиот шампион во регионалната-скопска лига, па на денешниот дуел тренерот на Вардар, Петар Ѓорѓиевски шанса за настап им даде на играчите кои имаа помала минутажа во текот на сезоната. За потсетување, оваа генерација на Вардар го освои купот на Македонија, со триумфот во финалето против екипата на Шкендија.

Вардар: Ангелов, Милошевски, Каровски, Анчевски, Стојановски, Ивановски, Мишевски, Перковски, Хајдари, Ѓорѓиевски, Ибраи.

Во сабота своето последно коло на теренот на Академијата ќе го одиграат двете генерации на Вардар, против екипата на Драчево Јуниор. Генерацијата 2005 на Вардар својот дуел го игра од 10:00 часот, а после завршување на натпреварот ќе им биде доделен трофејот и медалите, за освоеното прво место во лигата.