Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ништо од Кулак во Вардар
Ништо од Кулак во Вардар

Ништо од Кулак во Вардар

Се уште актуелниот европски шампион Вардар од 1 јуни ќе се врати кај стариот сопственик Михајло Михајловски, кој сеуште го ,,крои” тимот за новата натпреварувачка сезона.

Вардар во овој момент е најдефицитарен на позиција среден бек, каде што во овој момент нема ниту играч. Токму ,,Вардар Фанс” дознава дека нема ништо од Артем Кулак во Вардар, иако во медиумите кај нас се споменуваше за негово доаѓање. Дознаваме дека немало никаква понуда од страна на Управата на РК Вардар кон овој организатор на играта на Мешков Брест.

Кулак има одиграно пет сезони за белорускиот тим во Лигата на шампионите, а оваа сезона во која немаше минутажа даде само осум гола, додека во СЕХА играше на пет меча и даде 13 погодоци.