Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > На денешен ден 2017: „Давид го победи Голијат“, Вардар со високи 7-1 го фрли Макпетрол на колена за Куп трофеј
На денешен ден 2017: „Давид  го победи Голијат“, Вардар со високи 7-1 го фрли Макпетрол на колена за Куп трофеј

На денешен ден 2017: „Давид го победи Голијат“, Вардар со високи 7-1 го фрли Макпетрол на колена за Куп трофеј

На денешен ден пред три години, во 2017 во кугларскиот Куп на Македонија се случи „Давид да го победи Голијат“. Односно нашиот КК Вардар успеа да го совлада фаворитот, тимот со најголем буџет во овој спорт и апсолутниот владател екипата на КК Макпетрол. Одлична тактика на мечот имаше веќе покојниот Драги Димитровски, легендарниот Чичко Драги маестрално ги обмисли паровите и дозираше, тактизираше и успеа да го донесе тимот на неочекуваниот пехар, искрено веројатно освен него никој во тие моменти не очекуваше дека ќе дојдеме до пехар. Радоста беше голема тоа беше втор пехар во Купот за црвено-црните.  Победата беше доминантна ние триумфиравме со високи 7-1 и заслужено се радувавме. Нашиот текст за тој меч на кој бевме сведоци изгледаше вака:

sr4

Денес во Скопје во Кугланата “Вип“ се одигра финалето до Купот на Македонија за оваа сезона, во истото голем фаворит беше КК Макпетрол кој играше во кугланата и на патеките каде настапува постојано во мечот со Вардар. Сепак дека спортот е забавен бидејќи “Давид може да го победи Голијат“ се покажа попладнево. Нашиот црвено-црн колектив кој влезе како аусајдер во дуелот се издигна, се бореше, гинеше за секој чуњ и од серија во серија газеше кон чудото. Вардар е шампион во Купот откако немилосрдно ги “згази“ пумпашите со неверојатни 7-1, ова беше прва победа над сино-жолтите и тоа баш онакава лудо моќна убедлива.

sr2

На почетокот стратегот од клупата на црвено-црните одигра мудро ставајќи ги на првите патеки искусниот Миле Димковски и Маријан Згонц од кој противниците неочекуваа сериозен отпор. Сепак тоа им се “удри од глава“ црвено-црните момци поведоа со 2-0 и тоа беше првиот “студен туш“ за ривалот. Имаше многу да се игра па и они и ние знаевме дека долг е мечот, а фаворитската улога се уште има простор да ја исполни Макпетрол и да дојде до нов Куп трофеј. Димковски имаше 562, а Згонц повоторно одигра близу “600“ односно имаше 589 “соборени дрва“. Во втората серија која следуваше на прва патека тренерот на Вардар одигра на сигурен поен, го уфрли Димитар Димитровски , а на втора настапи младиот Георг Поп-Крстев. За дуелот на Димитар и Мемеди нема што да се зборува беше цврст и силен сепак Димитар покажа квалитет и го доби дуелот впишувајќи зад своето име високи 619 “дрва“. Поп-Крстев не сакаше и несмееше да игра под своите можности, тој даде мора да кажеме максимум од себе и дојде до поен за 4-0 со што наговести дека денес може да се смета на титула која до почетокот на мечот беше мисловна именка. Тој собори 570 “дрва“ доволно да не „лансираат“ со Диме во послендиот круг со 4-0 и над 70 дрва предност. Постоеше опасност Макпетрол да се врати и изедначи на 4-4 во последната серија, требаше да победат со 2-0 во играчи да анулираат 70-80 “дрва“ и да не ни дозволат да oсвоиме повеќе од еден сет.

sr3

На патеките последни излегоа Младен Донковски и Дарко Димитровски со надеж дека ќе одиграат машки и без страв за круна. По првиот сет, Димитровски губеше со 1-0, а Донковски со неверојатна игра доби сет против нивниот можеби најдобар играч Виктор Николовски. Влегоме во вториот сет од оваа серија атмосферата во кугланата беше напната …..сет… и титула… Тогаш видовме нешто што никој неочекуваше лудо шоу на Дарко Димитровски кој одлично играше обично во чистењето каде имаше 9ка, па 9ка па 8 соборени по ред. Дарко го одигра најдобриот сет од сите 24 денес одиграни и со 175 што е прв резултат од сите денес настапени сетови дојде до поен за титула. Паралелно на вторатата патека Младен со одлична тактика т.е исфрли 30 кугли прв, и чекаше противникот да се “скрши“ под притисокот, тој исто така  дочека да освои сет. Круната беше наша…..се зачу….Ајде Ајде Вардаре…..
Донковски освои поен со 580, а Димитровски Дарко отиде и над 600, тој впиша зад совето име 609 соборени “дрва“. Победивме соборени 3525 “дрва“ што е рекор на сезоната за нас, во сетови победивме со 15-9, а во резултат 7-1 Со ова покажавме дека денешната победа беше висока и убедлива дека сосема заслужено сме Шампиони.

Браво за Вардар и вербата во себе, ние во овој дуел влеговме како ауцајдери, може да дадеме слободна проценка дека имавме шанси кои се мереа со едноцифрен број на проценти, со Макпетрол немамвме победа, игравме на нивен терен, се покажуваше дека “среброто“ ќе биде утеха…. Но црвено-црното срце непопушти се издигнавме пред се над СЕБЕ СИ се победивме себе, а потоа дури и ривалите. Секој денес се победи себе имаше секој најдобар скор кој одамна не го имал, тимски газевме до нова втора Куп круна. Редакцијата на Вардар фанс им ја честита титулата на Вардар им посакува многу нови раодсти… Во продолжение кратко видео од радоста по доделениот пехар… наскоро неколку фотогалерии и други вести за ова финале…. БРАВО ВАРДАРЦИ!!