Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров: Помина една година, овој успех ме потсети кога како деца тргнавме да тренираме ракомет
Дибиров: Помина една година, овој успех ме потсети кога како деца тргнавме да тренираме ракомет

Дибиров: Помина една година, овој успех ме потсети кога како деца тргнавме да тренираме ракомет

Овие неколку денови минатата година беа празник за сите вљубеници во ,,црвено – црните” бои. Вардар по втор пат ја подигна Европската титула, по сензационалниот Ф4 турнир во Келн.

Еден од најзаслужните за втората Европска титула е Тимур Дибиров. Левото крило во изјава за „Балкан Хендбол“ вели дека никогаш нема да го заборави тој ден.

„Помина една година, но овој ден никогаш нема да го заборавам. Не само поради победата, туку бидејќи тоа беше победа на нашиот спорт. Докажавме дека ништо не е важно кога си на теренот. Во тие 60.минути не постојат проблеми во животот. Овој успех ме потсети кога како деца тргнавме да тренираме ракомет. Остана во нас да живее таа детска желба еден ден да дојдеш до врвот и да го кренеш трофејот“, изјави Тимур за „Балкан Хендбол“.

Вардар оваа сезона, за жал, нема да има можност да го брани трофејот.