Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Ристова за Вардар Фанс: ЖРК Вардар е стабилизиран, атакуваме на титулата со моите девојки
Ристова за Вардар Фанс: ЖРК Вардар е стабилизиран, атакуваме на титулата со моите девојки

Ристова за Вардар Фанс: ЖРК Вардар е стабилизиран, атакуваме на титулата со моите девојки

ЖРК Вардар по заминувањето на Сергеј Самсоненко од ракометните колективи се најде на “крстопат“. Па така истиот не беше во плановите на новиот сопственик на РК Вардар. Тимот сепак „преживеа“ на радост на многумина. Вардар е најнадежен женски колктив во земјава, има највеќе кадетски, младински и сениорски репрезентативки.
Оваа генерација во почетоците, односно во пионерска конкуренција ја создаде Драгана Ристова. Започнаа одлично како тим под нејзино водство,  успеаа да ја „скршат“ доминацијата на Металург во младите категории и дојде до пионерска круна. Од година во година успеваше да ги усовршува, нивната „ракометна мајка“ создаде огромен потенцијал. Ристова работеше под напредна ракометна програма на Гонзалез, гледаше визионерски кон тимот и затоа денес оваа екипа е „расадник“ на репрезентативки. Тоа лани се докажа кога започнаа како сениори и ги “собраа“ поканите за сите селекции. Разговарме со Ристова за почетокот на оваа успешна приказна.
 
-Ростерот на оваа екипа е селектиран пред повеќе години, кога ја формирав пионерската екипа на ЖРК Вардар. На почетокот од мојата кариера како тренер добив доверба да го водам овој колектив, низ годините сосема очекувано почетниот состав претрпе одредени промени и додатни селетирања што резултираа со создавање на вака композитна екипа. Овој тим го „градев“ макотрпно години наназад, ги познавам повеќе од добро сите нив. Тоа што им дава квалитет плус е што низ „ракометното школување“ ги применував методите на Раул Гонзалез. Заедно работевме со нив, јас учев од овој светски стручњак и имав привилегија да работам со него на нивно усовршување, тоа се потврди последната година со нивните успеси на клупски и репрезентативен план.
 

Ристова со девојките во пионерските денови

Ристова со девојките во пионерските денови

Клубот беше на раб да згасне, раководството и тренерот силно застанаа зад екипата со цел да се продолжи проектот кој ќе донесе многу репрезентативки. Ристова сакаше, заедно со раководството се бореше  и доби прилика да ги води повторно како тим, односно успеаа да се изнајде решение за иднината. Таа ни дава пресек за моменталната ситуација на црвено-црниот женски ракометен тим.
 
-Имаше одредена неизвесност со иднината на клубот, но се изнајде пат и јас лично сакам да го „изгурам“ она што со овие млади дами го започнав во пионерските години. Верувам дека имаме огромен квалитет и убедена сум во тоа, впрочем нивниот успех го говори тоа и мислам дека не грешам околу проценката. Сега во моментов, сме на прав пат, тимот има спонзори. Се надевам дека нашата добра работа и успеси што ни следат ќе се врати Вардар на правото ниво, како што беше претходно, на „домашен погон“.
 
 
Веќе по првиот состанок, „костурот“ на тимот потврди дека ќе остане под менторство на Ристова. Таа е среќна што поголемиот дел од нив ќе и бидат на располагање. Тие се познаваат помеѓу себе, доста има вложено во нивниот напредок па сега е време да се „берат“ плодовите на долгогодишната макотрпна работа. 
 
Она што сите не израдува е дека клубот обезбеди средства за нормален тек на работата, обезбедени се услови за девојките да продолжат таму кај што застанавме пред прекинот поради пандемијата. “Костурот“ на оваа екипа ќе остане ист, сега за сега нема никакви промени во персоналниот состав што радува бидејќи овој тим има хемија, се познава помеѓу себе и функционира одлично како екипа. Пред нас е светла иднина, се надевам дека ќе успееме во напорите да го нападнеме врвот, по средувањето на овие детали за функционирањето во новата сезона 2020/2021, во изминатиот период.
dragana2
.
Секако она што послебно не интересираше од главниот стратег на тимот е со кои амбиции ќе се настапува во иднина. Сосема јасни се истите, овој тим во кој има „хемија“ помеѓу играчите, стручниот штаб и раководството ќе атакува на врвот.
 
 -Aмбициите, не ни се тајна, тоа е секогаш врвот. Во првата сезона како сениорки, девојките во лигата завршија во  топ-3, во Купот одиграа финале, втората сезона која е прекината исто така беа во топ-3. Сосема логично се наметнува целта да го нападнеме врвот, да бидеме шампиони или втори. Секако тоа сакаме сега да биде „наградено“ од клубот, девојките после ваквиот пласман посакувам да ги почуствуваат меѓународните ЕХФ натпревари. Тоа додатно ќе им донесе на квалитет.
dragana
Кормиларот посебен акцент става на тоа дека тимот веќе е докажан, дека веќе сме на ниво на кое сме препознаени како бренд за млади ракометарки. За иднината нема дилема дека ќе беде светла, таа речеси половина деценија им посвети, ги познава, ги гледа како раснат и се развиваат и точно знае што може да биде нивниот лимит во иднина.
 
Радува фактот што 90% се од репрезентација на Македонија. Тоа е потврда за одличното селектирање, високото ниво на стручна работа и нивното несебично залагање за напредокот кој е евидентен. Овие девојки се иднината на женскиот ракомет во земјата, на што јас лично сум многу горда како нивни тренер. Впрочем желбите за опстојување на ЖРК Вардар беа да се продолжи со овој прекрасен проект, кој донесе до создавање на голема „база“ за иднината во македонскиот женски ракомет-вели Ристова во изјавата за Вардар Фанс.