Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Циндриќ ја „закопа“ Барса, пред три години, Вардар обезбеди прво историско финале во ЛШ
(ВИДЕО) Циндриќ ја „закопа“ Барса, пред три години, Вардар обезбеди прво историско финале во ЛШ

(ВИДЕО) Циндриќ ја „закопа“ Барса, пред три години, Вардар обезбеди прво историско финале во ЛШ

На денешен ден пред точно три години, Вардар за прв пат играше на Ф4 турнирот во Келн.

Црвено-црните во полуфиналето за противник ја имаа екипата на Барселона, противник кој до тој дуел го немаа победено ниту еднаш. Првата историска победа над овој тим се случи токму на денешен ден, кога Вардар излезе како победник. Голот вреден финале беше дело на Лука Циндриќ, речиси со звукот на сирената, после неколку додавања, Циндриќ биеше и ја погоди мрежата на Перез Де Варгас.

Избраниците на Гонзалез славеа триумф со резултат 26:25, кој им овозможи пласман во големото финале.