Рускиот пикер, Сергеј Горпишин, во новата сезона нема да биде дел од екипата на Вардар. Ова денес за рускиот медиум „Брз Центар“ го потврдил самиот Горпишин кој се надева дека набрзо ќе најде нов клуб.
Заминувам од Вардар, сите документи се веќе потпишани и јас немам повеќе обврски кон клубот. Долговите се уште не се расчистени, но тие се обврзаа да го завршат тоа и јас верувам во тоа. Како ќе биде, ќе видиме. Исто така верувам дека брзо ќе најдам нов ангажман, а приоритет се клубовите од Бундес лигата, иако не исклучувам понуди и надвор од Германија.
Стоилов и Калараш ќе го понесат товарот на пикерската позиција во новата сезона, а шанса ќе чекаат и младите Атанасовски и Гашовски.