Црвено-црните млади кошаркарски екипи на Вардар доминираат во младите лиги. Лани на денешен ден сме донеле убава вест за младите надежи од М13, во истата се велеше:
Вардарци вистински владеат во лигата М13. На финалниот турнир влегоа и двете наши екипи, Вардар 2 и Вардар 1 кои убедливо ги поразија своите противници.
Во СРЦ Кале се одиграа финалните натпревари, а ова е исходот од нив:
- ВАРДАР 2 – ШАМПИОН за сезона 2018/19
- ВАРДАР 1 – Трето место за сезона 2018/19
- Не треба повеќе да се зборува за оваа генерација на момчиња, кои под раководната палка на тренерот Ашаданов (Вардар 2) и тренерот Данев (Вардар 1), функционираат како вистинско семејство.
-
Трето место / МЗТ Скопје Аеродром – Вардар 1 61:80
Финале / Вардар 2 – Академија ФМП 69:46
- Најкорисен играч на финалето беше избран Бојан Величковски од Вардар 2.