Откако дресовите на машкиот и женскиот тим на Вардар се најдоа во финалето, за најубав дрес во Европа, познат е и победникот.
Дресот на РК Вардар доби повеќе гласови од оној на ЖРК Вардар, со кој настапуваа во последната сезона од Лигата на Шампионите. Откако за најдобар завршен турнир беше прогласен оној од минатата година во Келн, кога црвено-црните стигнаа и до втората Европска титула, сега Вардар победува во уште еден избор кој беше направен од страна на Европската федерација.
Овој пат гледавме вардарско финале, а а машкиот дрес на Вардар победи во изборот.