Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Повозрасните петлиња на ФК Вардар немаа можност да го бранат трофејот во лигата, сезоната беше предвреме прекината
Повозрасните петлиња на ФК Вардар немаа можност да го бранат трофејот во лигата, сезоната беше предвреме прекината

Повозрасните петлиња на ФК Вардар немаа можност да го бранат трофејот во лигата, сезоната беше предвреме прекината

Генерацијата 2005 на ФК Вардар ја играше својата втора сезона во рамките на регионалната-скопска лига. За жал немавме можност до крај да го браниме трофејот освоен од минатата година, откако оваа сезона беше прекината поради пандемијата со вирусот. После 14 одиграни натпревари бевме на првото место на табелата со вкупно 39 бодови, додека зад нас беше тимот на Кул со 35 бодови, кој имаше и меч помалку за одигрување. Избраниците на Петковски Зоран имаа 13 победи и само 1 и единствен пораз ( оној на домашен терен од екипат на Кул). На останатите мечеви доминиравме и забележувавме сигурни победи. Гол разликата гласеше 64 постигнати и 13 примени голови.

1 коло: Вардар – Шкендија  4:1

2 коло: Вардар – Работнички  3:0

3 коло: Шкупи – Вардар  0:2

4 коло: Вардар – Еуроспорт  8:1

5 коло: Њу Старс – Вардар  0:6

6 коло: Вардар – Кул Здравје  3:6

7 коло: Вардар – Форца  5:0

8 коло: Вардар – Милано  2:1

9 коло: Сарај – Вардар  1:8

10 коло: Вардар – Драчево Јуниор  3:1

11 коло: Грозданоски – Вардар 0:3

12 коло: Вардар – Фортуна  10:0

13 коло: Сарај – Вардар  2:5

14 коло: Шкендија – Вардар  0:2

2005-2

Не се доигра ниту Куп натпреварувањето, кое беше прекинато во полуфиналето. Таму за противник го добивме тимот на Каменица Саса, кој требаше да биде последната пречка кон големото финале. Без поголеми проблеми во претходните рунди ги елиминиравме екипите на Фортуна и Акад.Пандев.

1/8: Вардар – Фортуна  9:0

1/4, 1 меч: Акад. Пандев – Вардар  2:3

1/4, 2 меч: Вардар – Акад. Пандев  4:0

Во новата натпреварувачка сезона, оваа генерација на Вардар треба да се натпреварува во рамките на помладата пионерска супер лига.