Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар не запира: Доведен пикер од Полска!!
Вардар не запира: Доведен пикер од Полска!!

Вардар не запира: Доведен пикер од Полска!!

РК Вардар не запира со засилувањата. Малку изненадно, иако не се очекуваше да се донесе нов кружен напаѓач, сепак, од раководството на клубот не изненадија со потпишувањето на репрезентативец на Полска.

Станува збор за Патрик Валчак, полски репрезентативен кружен напаѓач кој во редовите на ,,црвено – црните” доаѓа од тимот на Либек.

Валчак во новата сезона ќе ја дели минутажата со Стојанче Стоилов и Глеб Калараш, а тука ќе бидат и младите Давид Гашовски и Стефан Атанасовски.

Ова е осмо засилување за тимот.

Добредојде во Вардар за Патрик Валчак!