Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Што ќе остане од овој Вардар?
Што ќе остане од овој Вардар?

Што ќе остане од овој Вардар?

Титула чекаме, титула ќе добиеме арно ама има уште еден куп поважни проблеми зад нас што немаат абер да се средат (се заглавени).

Во овој момент се поставува прашањето што ќе остане од овој шампионски тим на ФК Вардар !? !?

Играчите апсолутно не се виновни за оваа ситуација и не е ништо неочекувано што еден по еден си бараат документи и нови средини. Добија еден куп ветувања и датуми за средување на работата, арно ама, ќе дојде и 1.јули, а од најавената работа нема апсолутно ништо! Младеновски прв ,,повлече нога”, следуваат Али, Мицевски, Најдовски, Цветаноски, Жуниор.. Брдаровски и Гачевски имаат истечени договори – па се поставува прашањето што ќе остане од овој шампионски тим на ФК Вардар. Штета!

Бараат лиценца за настап во Европа, а ги немаат главните проблеми решено… Жално е Фудбалски клуб каков што е Вардар (најтрофеен во Македонија) втора година по ред да не добие лиценца од страна на ФФМ и Уефа, а уште пожално е што и овој преоден рок ,,бегаат” фудбалерите, а Вардар добива една голема 0.

Кога ќе прашаме блиски луѓе до клубот, добиваме одговор дека во овој момент ништо не е јасно, дека работите се заглавени и тоа на не така едноставни (ситни) работи.

Не сакаме ни да помислиме дека клубот оди во правец каде што беше во 2011 година. Се надеваме дека ќе се реши работата околу превземањето и ќе имаме време да составиме нов тим за новата натпреварувачка сезона.

Напред Вардар!