Анте Гаџа во новата натпреварувачка сезона ќе го носи дресот на Вардар. После само една сезона помината во екипата на ППД Загреб, хрватскиот интернационалец се реши за нова промена на средината, откако претходно беше дел од ова натпреварување и со екипата на Нексе.
Медија тимот на СЕХА направи посебно видео, во кое го одбележа трансферот на Гаџа, како хет-трик, со оглед дека ова е негов трет клуб со кој ќе настапува во СЕХА-лигата.