Шпанскиот стратег, Роберто Гарсија Парондо, кој со Вардар ја освои Европската титула, доби номинација во изборот за најдобар тренер во 2019 година.
После заминувањето на Гонзалез, на клупата на црвено-црните седна токму Парондо, кој во својата прва сезона веднаш успеа на Вардар да му ја донесе и втората Европска круна.
Во изборот покрај Парондо, се најдоа уште: Николај Јакобсен, Емануел Мајонад, Кристијан Берге, Карлос Вивер, Амброш Мартин, Маик Мачула, Габор Дањи, Дидие Динар и Торир Хергеирсон.