Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ретко како него: Брдаровски без пропуштен натпревар сезонава!!
Ретко како него: Брдаровски без пропуштен натпревар сезонава!!

Ретко како него: Брдаровски без пропуштен натпревар сезонава!!

Офанзивниот бек на шампионот, Владица Брдаровски може да се пофали со податок што им успеал само на малкумина фудбалери оваа сезона во ПМФЛ.

Брдаровски оваа сезона не пропушти ниту еден единствен натпревар во дресот на ,,црвено – црните”. Ги одигра сите 23 првенствени натпревари, што го прави единствен во нашиот тим. Освен што ги одигра сите 23 првенствени дуели, Брдаровски во шампионската генерација на Вардар даде еден погодок, а имаше и четири асистенции за гол до соиграчите.

Ова беше веќе петта сезона за Брдаровски во ФК Вардар. Има освоено и четири титули со ,,црвено – црните”.