„Летачкиот русин“, Тимур Дибиров во интервју за рускиот сајт „Брз центар“ откри зошто одлучил да не замине од РК Вардар иако имал дузина понуди. Тој зборуваше за сите понуди кои ги одбегнал и останал верен на црвено-црната институција.
Чекав до последен момент и се надевав дека клубот ќе биде во состојба да постигне добри резултати. Не потпишав договор со друг клуб, верував и среќен сум. Имав понуда од Мешков Брест, а лани пристигна понуда и од Монпелје, но јас сакав да останам во Вардар. Одсекогаш сум се потпирал на емоциите, а не на логиката, затоа решив да дојдам во Вардар во 2013 година кога имав договор и со ПСЖ. Во тоа време Вардар беше далеку од она што е сега, а додека во ПСЖ играа Хансен и Абало. На крајот мојата одлука се покажа како вистинска, а ПСЖ остана во шок. Го сакам Скопје, се чувствувам одлично- вели Дибиров.