Новото голманско засилување за Вардар, францускиот интернационалец, Робин Кантегрел во текот на денешниот ден треба да пристигне во Скопје.
Кантегрел веќе тргна во Скопје и се очекува во сабота да се појави на првата прозивка на новиот клуб.
Кантегрел ќе биде првиот играч од Франција кој заиграл во редовите на Европскиот Шампион, а негова конкуренција на голот ќе бидат Борко Ристовски и Марко Кизиќ.