ЖРК Вардар веќе дозна кога ќе ја започне битката за врвот во Женската Скопско сениорска лига. Начелно, доколку нема измени и проблеми со пандемијата, почетокот на сезоната ќе биде викендот на 19/20 септември. Повторно ќе се игра двокружен систем, со 26 кола по кој ќе се знае „владетелот“.
Оваа сезона лигата ќе брои 14 екипи, односно сите 13 тима кои лани играа во истата и една нова екипа. Сега на овој список е додаден и тимот на ЖРК Шампион, тимот кој ќе го води Валентина Радуловиќ за прв пат се пријавува во сениорска лига. Битката за врвот ќе биде интересна, на Вардар главни конкурентни му се Металуг и Куманово екипи со кој во последните две години бевме во топ-3 сегментот. Покрај нив екипа со амбиции има РК Чаир, а засилувања имаше и во тимот на Спартак кој ќе атакува на првата половина на табелата.