Friday ,20 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар се засили со два бека! Стојановска од Металург и Попова од Гевгелија
ЖРК Вардар се засили со два бека! Стојановска од Металург и Попова од Гевгелија

ЖРК Вардар се засили со два бека! Стојановска од Металург и Попова од Гевгелија

ЖРК Вардар го задржа „костурот“ на тимот односно 16 девојки од минатата сезона. Четири замина во други средини, две прекинаа со ракометот. Клубот има спонзор, сега е посебен субјект и полека се подготвува за новите предизвици во сезоната 2020/2021 година. Полека се засилуваме во „проредената“ бековска линија.

00

Донесени се две засилувања, двете нови имиња се бекови,  онаму каде што и беа заминувањата претходно, едната е кадетска репрезентативка на нашата земја. На левата бековска позиција нова вардарка е Михаела Стојановска. Истата минува во нашите редови од ривалот од Автокомада, екипата на ЖРК Металург. Каде ги мина сите младински конкуренции, таа беше дел и од Македонската кадетска селекција на шампионатот во Италија 2019.

109862902_1871819059627452_1004989954794795474_n-1

Второто засилување е на десната бековска позиција во тимот, станува збор за млад играч кој доаѓа од суперлигашот, ЖРК Гевгелија. Јасмина Попова. Таа исто така прв пат менува тим, во досегашната кариера настапувала за селекциите на Гевгелија.

Во моментов на располагање Ристова има 18 девојки во ростерот. Подготовките доколку се е во ред ќе започнат идната недела. Вака изгледа моменталниот тим на Вардар:

Голмани: Трајкоска, Грујовска и Илиќ.

Бекови: Галевска, Ангеловска, Костовиќ, Попова, Стојановска и Стаменкова.

Пикери: Џатевска, Дамјаноска и Паковска

Крила: Миновска,   Диневска,  Ѓорѓиевска, Јаковчевска, Трпевска  и Васевска.