Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци нема да тренираат се додека не се случи исплатата
Вардарци нема да тренираат се додека не се случи исплатата

Вардарци нема да тренираат се додека не се случи исплатата

Иако од стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига не дели нешто помалку од еден месец, ситуацијата во редовите на шампионот и натаму е алармантна.

Преговорите со Бугаринот Благој Георгиев се застанати. Фудбалерите не сакаат да тренираат се додека не им се исплатат долговите, а полека но сигурно и си заминуваат од тимот…

,,Вардар Фанс” побара одговор од неколку фудбалери на нашиот тим, кои стојат цврсто на својот став – прво исплата на ветеното, па потоа враќање на тренинг и подготовка за новата сезона која стартува на 9-ти идниот месец.

Ситуацијата во овој момент е таква. Минаа повеќе од два месеци, а во ФК Вардар останува непроменето.