Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци остануваат со подготовки во Скопје, откажан турнирот во Кањижа
Вардарци остануваат со подготовки во Скопје, откажан турнирот во Кањижа

Вардарци остануваат со подготовки во Скопје, откажан турнирот во Кањижа

Во малку поинакво издание за разлика од претходните години, се одвиваат подготовките за ракометниот клуб Вардар.

Пандемијата со корона вирусот го искомплицира и промени текот на настаните, не само за Вардар, туку и за сите останати Европски клубови. Ова лето, црвено-црните нема да заминат на главни подготовки, туку истите ќе се одвиваат во Скопје.

Нова вест е дека, дефинитивно е откажан меѓународниот турнир „Кањижа Куп“, кој требаше да се одигра во периодот од 21-23.август, на кој покрај Вардар свое учество пријавија и екипите на Пик Сегед и Нексе. Сепак истиот како што напоменавме е откажан.

Избраниците на Стевче Алушовски ќе останат да тренираат во Скопје, се до 12, август, кога треба да пристигнат во Струга и да се натпреваруваат на традиционалниот струшни турнир, кој оваа сезона ќе биде само со македонски екипи.

Се уште не е познато како ќе се одвиваат работите после овој турнир во Струга, кој треба да заврши на 16.август. Планирано беше на крајот на месец август, да се одигра и реванш мечот од 1/4 финалето во СЕХА, против екипата на Нексе, а на почетокот на месец септември да се одржи и завршниот турнир во Задар. Овие информации во следниот период треба поточно да се прецизираат, или веќе да стануваат официјални.