Во периодот од 12-16.август, ракометниот клуб Вардар ќе настапува на традиционалниот струшки турнир.
Организаторот на турнирот веќе ги одреди групите, во кои ќе се натпреваруваат екипите. Вардар е дел од групата А, во која се уште и екипите на Охрид, Бутел Скопје и Еурофарм 2.
Другата група ја сочинуваат, домаќинот Струга, потоа Металург, Еурофарм Пелистер и Прилеп.
Дополниелно ќе бидат одредени и термините на одигрување, а за црвено-црните ова ќе биде прв предизвик на подготвителниот период.