Вчера, се собра тимот на ЖРК Вардар на прв тренинг. По посебен протокол истиот беше реализиран на фудбалскиот терен до С.Ц „Јане Сандански“.
Целиот ростер беше на располагање заедно со засилувањата, Попова Јасмина , Михаела Стојановска и Цветковска Сања. Се работеше на топло време, девојките одлично истрчаа она што им беше зададено. Во продолжение 70-сетина фотографии од овој тренинг.